ИДФ уништи муслимански гробишта во Газа

Од:

Исламски гробишта на југот на Појасот Газа беа уништени во израелска воена операција, по тврдењата на Израел дека Хамас го користел местото за да скрие подземен тунел, пренесе АП.

Станува збор за гробишта во населбата Бани Сухејла во јужниот град Кан Јунис.

Според американската новинска агенција, гробиштата биле избришани од лицето на земјата, а тоа место според израелските одбранбени сили (ИДФ) било користено за планирање напади врз израелската армија.

Новинарот на Асошиетед прес рече дека видел уништена џамија и дека таму каде што порано биле гробиштата сега има дупка широка 140 метри поврзана со, како што вели војската, тунел на Хамас.

Би можело да ве интересира

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Газа: Најмалку шест бебиња починаа од смрзнување

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа