ИДФ: Убиен е лидерот на Муџахединската бригадата во Газа

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет го убија водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа за време на операциите во областа, соопшти денес ИДФ.

Мусба Салим Дајах, кој е убиен во Нусејрат, бил вклучен во регрутирање членови на Западниот Брег и извршување терористички напади на територијата и во Израел, како и напади врз силите на ИДФ во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Ова е четврти пат ИДФ да елиминира водач на Муџахедински бригади во последните месеци, откако беа убиени и претходниците на Дајах.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Израел и Либан започнуваат разговори