ИДФ: Хезболах истрела околу 100 ракети кон Израел

Од:

Милитантната исламска организација Хезболах утрово изврши два напади од Либан кон северот на Израел, при што беа истрелани околу 100 ракети, соопшти израелската армија.

Во првиот напад беа истрелани околу 70 ракети од Либан кон Голанската висорамнина, што е еден од најмоќните ракетни напади што Хезболах ги извршил на израелска територија, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во вториот напад беа истрелани околу 30 ракети.

Според првичните информации, во нападите нема повредени.

Би можело да ве интересира

Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа 10 лица

Хезболах тврди: Израел е закана за регионот и сака да ги контролира сите муслимани

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Нетанјаху се согласил за план за одмазда против Иран

Хезболах е подготвен за мир со Израел