ИДФ го нападна нуклеарниот комплекс Телеган кај Техеран

Од:

Израелската војска (ИДФ) тврди дека го нападна иранскиот нуклеарен комплекс Талеган во близина на Техеран, за кој наведуваат дека бил користен за развој на технологии потребни за производство на нуклеарно оружје.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека станува збор за комплексот Талеган, што бил погоден за време на воздушните напади на израелските воздухопловни сили во текот на изминатите неколку дена.

Според израелската војска, Иран во последните неколку години во оваа локација развивал напредни експлозиви и спроведувал чувствителни експерименти како дел од проектот AMAD, за кој Израел тврди дека е тајната програма за развој на нуклеарно оружје на Иран.

ИДФ вели дека комплексот Талеган веќе бил цел на израелски напади во октомври 2024 година, кога Израел возврати на иранскиот ракетен напад претходно истиот месец.

Според израелската војска, неодамна било утврдено дека Иран започнал со обнова на комплексот по тие напади.

„Иранскиот режим продолжи со своите напори за унапредување и развој на капацитетите потребни за производство на нуклеарно оружје“, соопшти ИДФ.

Најновиот напад е дел од поширока серија операции насочени, според израелската војска, кон понатамошно ослабување на нуклеарните амбиции на Иран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозии регистрирани на иранскиот остров Кешм, американската војска има ограничени залихи на некои видови оружје

Пезешкијан: Иран ќе ја поддржи секоја одлука што ќе ја донесат палестинските лидери

„Фајненшл тајмс“: Трамп e заглавен помеѓу војната и договорот со Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Детали од планот за отворање на Ормутскиот теснец

(ВИДЕО) Трамп пред историска одлука за Иран: Во војната во која не може да си дозволи ниту да победи ниту да изгуби

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски