ИДФ: Финансиерот на Хезболах е елиминиран, префрлал пари од Иран за оружје

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека нивните сили го убиле раководителот на менувачницата во јужен Либан, кој бил одговорен за префрлање средства од Иран до Хезболах, објави израелскиот Ynet.

Според војската, Хајтам Абдулах Бакри, раководител на менувачницата Ал-Садик, играл клучна улога во финансиската мрежа на Хезболах, која го олеснувала префрлањето и складирањето на иранските средства.

Војската вели дека парите, кои потекнувале од иранските сили Кудс, биле користени за купување оружје, производство на воена опрема и исплата на плати на членовите на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху без милост: Нема прекин на огнот

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир