Непознат маж, целосно гол, демонстрираше денеска качен на споменик во центарот на Лондон, безмалку три часа.
После долги разговори и убедувања, полицијата успеа да го симне од споменикот,откако на помош на полицајците дојдоа неколку пожарникарски екипи.
Претставник на Скотланд Јард изјави дека човекот е одведен во полиција, но не е уапсен, туку веднаш е испратен на психијатр во лондонска болница, за да се утврди неговата ментална состојба.
Полицијата не го соопшти идентитетот,ниту мотивот на човекот,освен дека тој е на возраст од триесетина години.