ИД уби 50 цивили во Мосул

Од:

Терористите на Исламска држава во Мосул убија најмалку 50 луѓе кои се обиделе да пребегнат кај ирачката армија, објави локалниот портал „Шафак њуз“ повикувајќи се на очевидци.

Според порталот терористите ги убиле цивилите во областа Рас ел Џада и Мушахада во центарот на Мосул, откако тие се обидела да побегнат.

Ирачката армија од февруари презеде офанзива во западниот дел на Мосул, кој е под контрола на ИД, додека источниот дел на градот е целосно ослободен.

ИД ги користи цивилите во Мосул како жив штит, а со убивање на заробените бегалци се обидува да ги заплаши останатите жители. Според податоци на Обединети нации, во зоните на воените операции има најмалку 400.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак