ИД со снајперисти и камикази го забавува напредокот на ирачката армија во Мосул

Од:

Забавен е напредокот на ирачката армија при ослободувањето на последните зони на Мосул што останаа под контрола на Исламска држава, пренесуваат американските медиуми.

Според двајца ирачки офицери, кои посакаа анонимност, џихадистите од ИД во регионот разместиле снајперисти, автомобили- бомби и камикази.

Армијата внимателно напредува кон Стариот град на Мосул, а судирите со исламистите денеска се спорадични, посочија воените офицери.

Ирачката армија вчера од три правци почна нова офанзива за заземање на Стариот град.

Источниот дел на Мосул во јануари беше прогласен за ослободен од џихадистите, а месец подоцна почна и кампањата за нивно повлекување и од западнито дел на градот.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак