ИД презеде одговорност за нападот во Лас Вегас

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) презеде одговорност за денешниот напад во Лас Вегас, при кој, според, последните податоци, загинаа 50 лица, а најмалку 406 се повредени.

– Нападот во Лас Вегас го изврши војник на ИД, како одговор на нашиот повик за напади врз државите од (меѓународната) коалиција, објави агенцијата на ИД, Амак.

ИД тврди дека извршителот на нападот пред неколку месеци преминал во Ислам, но не посочи докази за ваквото тврдење.

Полицијата како извршител на нападот го идентификува 64-годишниот белец Стивен Педок, кој се самоуби пред специјалците да упаднат во собата на 32. кат од хотелот Менделеј Беј, од каде тој стрелаше врз присутните на музичкиот фестивал во Лас Вегас.

Педок немал досие, а и никогаш не направил сообраќаен прекршок. Тој пред неколку години купил куќа во населбата Меските во сојузната држава Невада, каде најголемиот број од жителите се пензионери.

Педок е роден на 9 април 1953 година, а пред да се пресели во Меските, живеел во Рино и во градот Мелбурн на Флорида. По професија бил сметководител и имал дозвола за лов и рибилов, поради што и псоедувал цел арсенал на оружје.

Засега нема никакви информации за неговите верски убедувања.

Претставник на американските власти, претходно соопшти дека нема докази оти Педок бил поврзан со некоја меѓународна терористичка група.

Во врска со нападот, американската полиција ја приведе и 62-годишната Австалијанка, Мерил Денли, која престојувала во соба до Педок, но се претпоставува дека во моментот на нападот била во казино. Против Денли, која се преселила во САД пред 20 години, не се покренати никакви обвиненија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија