ИД оствари значителен напредок во Ирак

Од:

Групацијата „Исламска држава“ оствари значителен напредок во Ирак, изјави генералот од резервниот состав на САД и координатор на меѓународната коалиција, Џон Ален.

Тој на прес-конференција во Стејт департментот истакна дека воздушните напади врз позиции на ИД во Ирак и Сирија не водат „ниту до победници, ниту до победени“.

Генералот Ален по турнејата на Блискиот Исток, каде ги посети Ирак, Јордан и Турција нагласи дека земјите од коалицијата се едногласни дека воениот аспект е важен, но не и доволен за победа врз радикалната исламистичка групација.

Портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби изјави дека во воздушните нападите за заштита на градот Кобане, кој се наоѓа на турско-сириската граница биле убиени неколку стотици борци на ИД, но оти се уште постои опадност градот да падне во рацете на групацијата

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак