ИД објави видео снимка на британски заложник

Од:

Групацијата Исламска држава објави видео снимка, на која е прикажан британскиот заложник Џон Kантли како ги критикува подготовките на САД за напади врз екстремистите.

Според Центарот за следење на дејностите на терористичките организации на Интернет, мажот во петминутното видео вели дека американскиот претседател Барак Обама, кој се обидуваше да избегнува конфликти, како тие што ги водеше неговиот претходник Џорџ Буш, се вовлекува во војна, која не може да ја извојува.

– Во минатото претседателот го нарече конфликтот на Џорџ Буш во Ирак глупава војна и немаше трпение да ја оддалечи Америка од него, кога дојде на власт. Сега тој се вплеткува во истата ситуација, изјавува мажот, идентификуван како Кантли.

Според него, ИД е „најсилното џихадистичко движење во изминатиот период“.

Тој смета дека групацијата не може да биде особено погодена од американските политичари.

– Мешање на ваква каша не сме виделе од времето на Виетнам. Бројката од 15 илјади војници, која се посочува како доволна во борбата против ИД е смешна. ИД има повеќе муџахедини од таа бројка, вели мажот на видеоснимката.

Според него, ИД не е некаква недисциплинирана група „со неколку автомати Калашников“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот