ИД објави ново видео од британскиот новинар

Од:

Исламска држава објави нов видео запис со британскиот новинар Џон Кентли кого исламистите го држат во заробеништво.

На снимката се гледа како Кентли известува за животот во Алепо во Сирија, со образложение дека големи делови од градот покрај силите на сирискиот претседател Башар ал Асад се уништени и во воздушните напади на коалицијата предводена од САД.

Тој исто така покажува и едно верско училиште и суд и додадва дека шериетското право е старо 1.400 години и божји, Алахов закон кој не може да се менува.

Кентли кој што беше киднапиран во ноември 2012 година заедно со американскиот новинар Џемјс Фоли исто така наведува дека казна за кражба е отсекување на рацете.

Инаку припадниците на ИСИС и порано објавуваа видео записи од Кентли во кои зборува дека е заробен во Сирија и ги повикува САД да престанат со воените операции против Исламска држава.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски