Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот што се случи во саботата навечер, при што беа убиени седум и повредени речиси 50 лица.
– Група борци од ИД го извршија нападот во Лондон во саботата, соопшти агенцијата на ИД, Амак.
Тројца напаѓачи, кои носебе на себе лажни експлозивни елеци, со бело комби прво намерно влетале меѓу луѓе кои чекале автобус на Лондонскиот мост, а потоа излегле од возилото и со ножеви почнале да ги напаѓаат луѓето. Тројцата мажи се убиени од страна на лондонската полиција.
Извор од британската медицинска служба наведе дека 36 лица се хоспитализирани, а 21 од нив се во критична состојба.