ИД ја префрли командата во ирачкиот регион Ел Хуејџа

Од:

Командата на терористичката група Исламска држава (ИД) формира нов штаб во Ирак во реонот на Ел Хуејџа, откако мораше да се повлече од Мосул, кој секој момент може да биде преземен од ирачките владини сили, изјави Атур ал Аси, племенскиот лидер во провинција Киркук.

Тој истакна дека ИД го пренела оперативниот команден штаб од Мосул во Ел Хуејџа во провинцијата Киркук. Тој реон е под целосна контрола на екстремистите.

– Само денеска од Сирија и од Јордан, а исто така и од Мосул во Ел Хувејџа пристигнаа околу 400 борци. Поголемиот број од нив беа со врзани очи, за да нема протекување на информација за локацијата на командантите, посочи Ал Аси.

Според информациите, терористите ги мобилизираат силите во провинцијата богата со нафта за напади, вклучително врз објекти од нафтената индустрија, како и диверзантски операции во граничните провинции/

Гувернерот на Киркук, Наџим ал Дин Карим апелира до Багдад да ја забрза операцијата за ослободување на Ел Хуејџа, бидејќи џихадистите го користат тој реон како база за напади во Киркук, но и во провинцијата Салах ал Дин.

Претходно, командата на ирачката армија соопшти дела џихадистите контролираат само пет проценти од западниот дел на Мосул, кој во 2014 година беше прогласен за престолнина на ИД од страна на Абу Бакр ал Багдади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак