ИД го зазеде градот Ал Багдади во западен Ирак

Од:

Борците од Исламска држава вчера го зазедоа градот Ал Багдади во западен Ирак, претставувајќи закана за воздухопловната база, каде американските маринци ги обучуваат ирачките војници, соопштија локалните власти.

Ал Багдади, кој се наоѓа на 85 километри северозападно од Рамади во провинцијата Анбар, со месеци беше опколен од џихадистите, кои зазедоа големи области во северен и западен Ирак минатата година.

– Деведесет проценти од градот Ал Багдади падна во рацете на бунтовниците, изјави претставник на локалните власти.

Група бунтовници се обиделе да ја нападнат строго обезбедуваната база на военовоздухопловните сили Ајн ал Асад, на пет километри југозападно од градот, но не успеале да ја преземат. Околу 320 американски маринци обучуваат војници од Седмата дивизија на ирачката армија во таа база.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак