ИД ги нападна курдските сили во Рака

Од:

Курдските сили и две сириски групи на активисти објавија дека екстремистите на Исламска држава утрово извршиле напад во Рака, северна Сирија.

Курдските борци наведуваат дека ИД извршила три самоубиствени напади врз нивни позиции во Рака.

За сега нема информации за евентуални жртви или повредени.

Сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон соопшти дека нападот го извршиле двајца бомбаши – самоубијци на ИД.

Нападот се случи во време кога се очекува турска офанзива против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад