ИЦАО создаде база на податоци за особено опасните зони за летање

Од:

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО) на ОН создаде експериментален онлајн систем за оценка и размена на информации за опасноста за летови во зоните на борбени дејствија, пренесе ТАСС.

Стефан Ѓужариќ, портпарол на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, потсети дека препораката за создавање на ваквата база на податоци беше донесена на конференцијата на високо ниво за  цивилната авијација во Монтреал, што се оддржа под агендата на ИКАО.

Системот е достапен за јавноста, но засега во него нема податоци.

-По неговото полнење со податоци системот  ќе ја предлага последната информација за потенцијалните закани за цивилната авијација, што произлегуваат од вооружените конфликти, подвлече Ѓужариќ.

Обезбедувањето податоци од базата, меѓутоа, ќе им биде дозволено само на овластени официјални лица, според процедури разработени од Советот на ИКАО.

Во сите случаи јасно ќе се гледа која земја ги вовела податоците, а земјите кои се споменати во него ќе можат да ги разгледаат и одобрат пред нивното објавување.

Повод за оваа разработка на онлајн системот беше несреќата на авионот на „Малезијан ерлајнс“ во близина на Доњецк во јули 2014 година, потсети ТАСС.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД