Велика Британија ќе испрати ракетни системи во Украина, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Британија ќе испрати лансери М270 кои ќе можат да погодат цели до 80 километри.
„Како што се менуваат руските тактики, така мора да се менува и нашата поддршка за Украина. Овие високо способни ракетни системи за повеќе лансирање ќе обезбедат подобра одбрана од руската артилерија со долг дострел“, рече Валас.