Американската телевизија „Фокс“ објави видео снимка од 2007-ма година, на која актуелниот претседател на САД, Барак Обама, во обид да им се додвори на афроамериканските гласачи, ја обвинува тогашната администрација за расизам.
На снимката која се појавува во пресрет на денешната прва дебата со републиканецот Мит Ромни, Обама зборува со силен афроамерикански акцент, ги убедува присутните дека владата не сакала да му помогне на Њу Орлеанс по ураганот Катрина, бидејќи таму живеат главно црни луѓе, а ги споменува и насилните расни протести во Лос Анџелес во 1992 година.