И Меркел се вклучи во дебатата за фудбалерот Боатенг

Од:

 Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги осуди изјавите на заменикот претседател на партијата „Алтернатива за Германија“ Александер Гауланд којшто вчера рече дека за граѓаните членот на фудбалската репрезентација Џером Боатенг е „добар, но дека не би сакале да го имаат за сосед“.

– Оваа реченица е одвратна и тажна, изјави денеска портпаролот на владата во Берлин, Штефан Зајберт на прес брифинг.

Претходно и фудбалерот чиј татко е од Гана, а кој е роден во Германија изјави дека бил растажен од коментарот на лидерот на АФД но дека е среќен и горд што игра во националниот тим. Поддршка за Боатенг во меѓувреме пристигна од многу фудбалски фанови и институции a партијата АФД од многумина е обвинета дека со коментарите за фудбалерот јасно ги покажала своите скриени симпатии кон расизмот .

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски