Соединетите Американски Држави итно го затворија воздушниот простор над езерото Мичиген.
Оваа област е прогласена за „воздушен простор за национална одбрана“.
Беше издадена уште една наредба, овој пат југозападно од Тобермори, Онтарио, Канада.
Како причина се вели – „во тек е операција за воздушна одбрана“.
Познато е дека авионите Е-6 Меркур и Е-3 АВАКС се упатиле кон езерото Мичиген.
Над езерото се наоѓа авион „стратотанкер“ Боинг КЦ-135Т.
Причината се уште не е позната.
На Твитер се огласи и конгресменката Елиза Слоткин од Мичиген.
– Само што добив повик од Министерството за одбрана, нашата војска крајно внимателно го следи објектот над езерото Хјурон. Ќе знаеме повеќе за тоа што беше во наредните денови, но засега, бидете сигурни дека радарот го следи од моментот кога ги премина нашите води“, напиша таа на Твитер.
Претходните денови беа забележани и соборени два неидентификувани летечки објекти. Едниот бил забележан над Алјаска, другиот над Канада.
Белата куќа соопшти дека Бајден и Трудо се согласиле да продолжат со блиската координација за „да го одбранат воздушниот простор“.
Американските власти вчера привремено го затворија воздушниот простор над Монтана за цивилен сообраќај, а НОРАД синоќа испрати борбени авиони за извидување, но тие „не идентификуваа никакви летечки објекти што одговараат на радарските индикации“.
Претходно, на 4 февруари, американски борбен авион Ф-22 собори, како што нарече американската влада, кинески шпионски балон кај брегот на Јужна Каролина по неговото еднонеделно патување над САД и делови од Канада.