И Франција и Италија привремено ја прекинуваат употребата на вакцината АстраЗенека

Од:

Франција ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека на 24 часа, во очекување на мислењето на Европската агенција за лекови. Париз на тој начин се усогласува со неколку свои европски соседи како Германија, Италија, Данска, Ирска и Холандија.

Германија ја суспендира употребата на вакцината Ковид-19 од англо-шведската лабораторија „АстраЗенека“ „како превентивна мерка“ по пријавувањето на несаканите ефекти, објави во понеделникот Министерството за здравство.

Медицинскиот институт Пол-Ерлих, кој ја советува владата, „верува дека други испитувања(се) неопходни“ по случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани во Европа, изјави портпарол на Министерството, додека повеќе земји веќе презедоа таков чекор. Оваа одлука за суспензија доаѓа „по нови информации во врска со тромбоза на церебрални вени во врска со вакцинација во Германија и Европа“, според истиот извор.

Европската агенција за лекови (ЕМА) „ќе одлучи дали и како новите знаења (за овие несакани ефекти) влијае на одобрувањето на вакцината“, додаде портпаролот. За една недела, неколку земји ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека по сериозни проблеми со крвта кај вакцинираните.

Во Франција, околу 60 пожарникари во Буш-ди-Рон минатата недела ја примија првата доза на вакцина АстраЗенека. Но тие ја прекинаа вакцинацијата на нивниот персонал против Ковид-19 по појавата на несакани ефекти кај еден пожарникар.

-Како претпазливост, ја суспендиравме втората инјекција на вакцината АстраЗенека, изјави за француските медиуми портпарол на Секторот за противпожарна и спасувачка служба (Сдис) од Буш-ди-Рона. Имено, пожарникар од Арл (90 км западно од Марсеј), чија старост не е прецизирана, по првата инјекција беше хоспитализиран со срцева аритмија.

Италијанскиот регулатор на лекови „Аифа“, исто така, прекинот на вакцинацијата со оваа вакцина низ целата земја го нарече „потег на претпазливост“.

„АстраЗенека“ вчера соопшти дека нема докази дека нивната вакцина против Ковид-19 го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток