И Данска одобри испраќање воени авиони во Ирак за борба против Исламска држава

Од:

Пратениците во данскиот парламент поддржаа денеска предлог на Владата да испрати седум борбени авиони Ф-16 кои ќе бидат дел од меѓународната коалиција што извршува воздушни напади врз припадници на екстремистичката Исламска држава.

Со 94 гласови „за“ и четири против, пратениците донесоа одлука за испраќање четири оперативни и три резервни авиони и 140 пилоти и припадници на воздухоипловен персонал на период од една година.

Авионите ќе бидат стационирани во Кувајт. Данците во Ирак испраќаат и 120 експерти кои ќе вршат обука на ирачките и курдски борци кои се борат против екстремистите од ИД.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари