Hyundai ќе го претстави концептот HDC-14, кој е прв купе со четири врати од брендот.
Информации за концептот се уште нема, но фотографијата која ја објави Hyundai е доволна да се открие новата силуета, дизајнирана во центарот на Hyundai во Калифорнија, кој претставува вакви концепти уште од 1992 година. Како што кажува името на концептот, ова е 14-та инкарнација.
Hyundai најави и дека внатрешноста ќе биде опремена со иновативен систем за управување со мултимедијалните системи, кој ќе чита гестови од рацете. Покрај тоа, Hyundai ветува и одлична возна динамика и високи перформанси.