Хутите со беспилотни летала ја нападнаа Саудиска Арабија, нема жртви

Од:

Јеменските бунтовници Хути извршија серија напади врз Саудиска Арабија, со помош на беспилотни летала и ракети, насочени кон клучни инфраструктурни објекти, вклучително и постројки за производство на природен гас и за десалинизација, објавија саудиските државни медиуми.

Во нападите нема жртви, но оштетени се цивилни возила и куќи во областа, соопшти воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен.

Засега не е познато колкава штета е причинета врз инфраструктурните и енергетските објекти.

Портпаролот на јеменските Хути, Јехиа Сарија денеска изјави дека тие „почнале сеопфатна воена операција во внатрешноста на Саудиска Арабија“, истрелувајќи балистички ракети и беспилотни летала наполнети со бомби врз објекти на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ и други „чувствителни цели“ во земјата.

Тој го опиша нападот како одмазда за „агресијата и блокадата“ предводена од Саудиска Арабија, која претвори голем дел од Јемен во пустош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД