Јеменската група Хути соопшти дека нападнала нафтени објекти во Шаиб во источна Саудиска Арабија со 10 беспилотни летала.
Нападнатите објекти вклучуваат рафинерија и магацин за нафта, пренесува Ројтерс.
Саудиска Арабија сè уште не се огласила во врска со случувањата.