Хутите повторно нападнаа рафинерија во Саудиска Арабија

Од:

Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за денешниот напад со беспилотни летала врз рафинерија во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, што предизвика пожар што брзо беше ставен под контрола, соопшти саудиското Министерство за енергетика, пренесе ДПА.

„Рафинеријата во Ријад беше нападната од беспилотни летала, што предизвика пожар што набрзо е ставен под контрола, соопшти Министерството.

Саудиската агенција СПА соопшти дека во нападот нема повредени лица или штети и дека тој не влијаеше врз снабдувањето со нафта.

Хутите во одделно соопштение потврдија дека со шест беспилотни летатала ја нападнале фабриката во Ријад, сопственост на саудискиот нафтен гигант „Арамко“.

Саудиска Арабија го осуди нападот, соопштувајќи дека тој е обид за загрозување на „стабилноста и безбедноста на светското снабдување со нафта“.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се бори со Хутите во Јемен од март 2015 година, неколку месеци откако бунтовниците го освоија главниот град Сана. Коалицијата ги поддржува владините сили во Јемен, додека Хутите се поддржани од Иран.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД