Хутите го нападнаа Израел – гаѓаа аеродром и пристаниште

Од:

Членови на јеменското бунтовничко движење Ансар Алах“, попознати како Хутите, извршија, како знак на одмазда, напади со беспилотни летала врз пет цели во Израел, вклучувајќи го Меѓународниот аеродром Бен Гурион“ и пристаништето Еилат, објави портпаролот на вооружените сили на Хутите, Јахја Сарија.

Беспилотните авијациски единици на јеменските вооружени сили спроведоа специјална воена операција во рамките на која го нападнаа аеродромот Бен Гурион, воена цел во областа Јафа, како и пристаништето Ум ал-Рашраш, аеродромот Рамон и воен објект во близина на Ашдод“, рече Сарија во обраќање на телевизијата Ал Масира.

Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.

Порано денес, израелската војска изврши напади врз цели на Хутите во пристаништето Ходеида, во операција против милитантите поддржани од Иран, кои во последните месеци напаѓаа бродови што се упатуваа кон Израел и испукаа ракети на израелска територија, според Ројтерс.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека израелските сили силно го потиснуваат секој обид за обнова на терористичката инфраструктура што претходно беше погодена“.

Израелската армија објави дека нападнала дел од пристаништето што се користел, меѓу другото, за трансфер на оружје од Иран, кое Хутите го користат за извршување терористички напади против Државата Израел и нејзините сојузници“.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“