Хутите бараат повеќе иранско оружје за да ги засилат нападите во Црвеното Море

Од:

Јеменските проирански бунтовници Хути бараат повеќе иранско оружје за да ги засилат нападите во Црвеното Море, покажуваат американските разузнавачи.

Неодамнешните разузнавачки информации собрани од САД и другите западни земји покажуваат дека Хутите бараат повеќе оружје од Техеран, што предизвикува загриженост дека милитантната група е решена да продолжи со нападите врз бродови во Црвеното Море и се заканува да предизвика поширок конфликт на Блискиот Исток пренесува порталот Политико.

Американските власти поминаа најмалку еден месец анализирајќи ги информациите за Хутите кои планираат да ги интензивираат нападите, вклучително и обидите за набавка на дополнително оружје потребно за лансирање ракети врз товарни бродови.

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Трамп: Секој понатамошен напад на јеменската група Хути ќе биде пречекан со „голема сила“

Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

ВИДЕО: Американците урнаа свој авион над Црвеното море