Британски конвој со хуманитарна помош, составен од 75 возила, денеска од Истанбул замина кон Сирија.
Во конвојот се наоѓаат 40 амбулантни возила, пет пожарникарски, две комунални возила, еден патнички автомобил, како и возила со храна, лекови и облека во вредност од околу четири милиони евра.
За помошта која патува кон Сирија заслужни се две британски хуманитарни организации и Турската хуманитарна организација за човекови права.
Со конвојот патуваат и 160 лица од различни професии, меѓу кои има наставници, доктори, медицински сестри, инженери и други.