Хуавеј и ЗТЕ официјално прогласени за закана по националната безбедност на САД

Од:

Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) официјално ги прогласи кинеските компании Хуавеј и ЗТЕ за „закана по националната безбедност“.

Тоа значи дека компаниите нема да можат да ја користат владината програма за субвенционирање од 8,3 милијарди долари, познат како Универзален сервисен фонд, за купување, одржување или поддршка на која било опрема или услуга од двете кинески фирми.

ФЦЦ уште во ноември минатата година ги прогласи Хуавеј и ЗТЕ за ризик по националната безбедност на САД.

Хуавеј минатата година беше ставена на американската црна листа.

Американските компании веќе подолг период се натпреваруваат со Хуавеј во развојот на 5Г технологијата. Вашингтон тврди дека Хаувеј може да ја користи технологијата за шпионирање во корист на Кина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

Песков: Русија и САД имаат многу работа за решавање на украинската криза