Војници од силите на Африканската унија во Сомалија сексуално злоставувале сомалиски жени и девојки во својата база во Могадишу, се наведува во денеска објавениот извештај на организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.
Во документот се додава дека војниците преку посредници им нуделе на загрозени жени и девојки хуманитарна помош, за да ги принудат на задоволување на своите сексуални потреби.
Силите на АУ во Сомалија (АМИСОМ) се испратени во 2007 година. Тие и помагаат на нестабилната сомалиска Влада во борбата против исламистите на Аш Шабаб. Мисијата е финансиарана од ОН, ЕУ, САД и Велика Британија.
АМИСОМ е составен од војници од Уганда, Бурунди, Кенија, Етиопија, Џибути и Сиера Леоне.