ХРВ: Мексиканските сили за безбедност одговорни за исчезнувањето на голем број лица

Од:

Мексиканските сили за безбедност киднапирале и убиле десетици лица изминатите шест години за време на борбите против нарко-картелите, соопшти организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

Групацијата, со седиште во Њујорк, побара од новиот мексикански претседател Енрике Пења Нијете внимателно да ја испита состојбата и да воспостави ред во вооружените сили.

ХРВ во своите документи завела 149 сучаи на лица, кои исчезнале откако паднале во рацете“ на силите за безбедност, а Владата не успеа на адекватен начин да ги испита тие исчезнувања.

– Како резултат на тоа имаме најтешка криза на исчезнувања во Латинска Америка во изминатите неколку децении, нагласи групацијата.

ХРВ исто така препорача реформи во мексиканскиот правосуден систем и создавање на национална база на податоци, кои би ги поврзале исчезнатите со илјадниците неидентификувани тела, кои се откриени во текот на борбата против нарко-картелите.

Извештајот на ХРВ ја претставува мрачната страна на војната против моќните трговци со дрога, во која, според проценките 70 илјади лица се убиени за време на мандатот на поранешниот претседател Фелипе Калдерон.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви