ХРВ: Кина поттикнува лош третман на бегалци од Тибет во Непал

Од:

Кина го притиска Непал да спроведе построги рестрикции врз илјадници бегалци од Тибет, дури и притвор, примена на сила и наметлливо следење, објави денеска во извештај организацијата Хјуман рајтс воч.

Тоа е последица од фактот дека Кинезите не сакаат бегалците од Тибет да протестираат во Непал против кинеската управа во својата држава.

Во Непал сега живеат околу 20.000 тибетански бегалци на кои во изминативе години не им беше дозволено да протестираат пред кинеската Амбасада во Катманду. Непалското МВР негира дека спрема бегалците се постапува несоодветно истакнувајќи дека спроведуваат политика на забранување непријателска дејност против соседни држави.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски