ХРВ: Израелските напади врз новинарите се кршење на законот за војна

Од:

Нападите на израелската армија врз новинарите и медиумските куќи во текот на неодамнешната осумдневна операција во Појасот Газа претставуваат кршење на законот за војна, соопшти организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч (ХРВ).

Двајца палестински камермани се убиени и најмалку десет вработени во медиумите се ранети во оваа офанзива, потсетуваат американските медиуми.

Израелската влада соопшти дека сите нападнати биле легитимна воена цел.

Организацијата за човекови права, чие седиште е во Њујорк, меѓутоа, смета дека нема оправдување за таквото тврдење.

-Само затоа што Израел кажува дека новинар бил борец или дека ТВ станица била команден центар, тоа не го оправдува, изјави Сара Леа Витсон, директор за Блискиот исток во ХРВ.

Израелската армија соопшти дека делувала „во согласност со законите на вооружените судири, и покрај намерното кршење на овие закони од страна на терористичките организации во појасот Газа“.

Војската наведува дека ги истражува случаите споменати во извештајот на ХРВ и дека ќе одговори кога истрагата ќе биде завршена.

Офанзивата на Појасот Газа за цел имаше да го запре ракетирањето на југот на Израел од оваа палестинска територија. Во неа погинаа речиси 170 Палестинци и шестмина Израелци. Таа беше завршена на 21 ноември со прекин на огнот во кој посредуваше Египет.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници