Христофору: Киев пред Анкара без стариот моментум, руските напади го променија тонот на разговорот

Од:

Преговорната атмосфера за Киев пред самитот на НАТО во Анкара се промени по најновите случувања на фронтовската линија и руските напади врз украинската престолнина, изјави кипарскиот новинар Алекс Христофору.

Тој во емисија на својот Јутјуб канал изјави дека Украина доаѓа на самитот во време кога, според него, ја губи иницијативата за која претходно веруваше дека ја има.

„Украинците одат на овој самит на НАТО губејќи го конфликтот, губејќи го моментумот за кој веруваа дека го имаат. Сето тоа е одземено во последните денови од акциите на руската војска насочени кон Киев“, рече Христофору.

Според него, овој развој на настаните бил непријатно изненадување за некои европски политичари кои очекувале самитот да презентира пораки што би биле поволни за украинската страна.

Христофору оцени дека Киев имал намера да им покаже на сојузниците одредени успеси и со тоа да обезбеди дополнителна политичка и воена поддршка, но дека оваа стратегија сега е отежната од новата ситуација на терен.

Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили извршиле напади врз објекти на украинскиот воено-индустриски и енергетски комплекс, како и врз инфраструктурата на воените аеродроми во неколку украински региони, вклучувајќи ги Киев, Днепропетровск, Полтава, Черкаси и Чернигов.

Според руските изјави, меѓу погодените објекти биле и киевското претпријатие „Буревестник“, кое произведува беспилотни летала, како и бродоградилиште кое, според Москва, се користело за изградба на артилериски чамци.

Најновите случувања доаѓаат пред состанокот на НАТО во Анкара, на кој ќе се дискутира, меѓу другото, за понатамошната поддршка за Украина, безбедносната ситуација во Европа и иднината на Алијансата.

Додека Киев очекува континуирана воена и политичка помош од своите сојузници, Москва се обидува да покаже дека сè уште има способност да напаѓа клучна инфраструктура на Украина.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Русите го нападнаа Киев, има мртви и ранети

Медведев му порача на Киев: Нема повеќе правила во конфликтот со Украина

Кремљ: Русија мора да продолжи да го информира светот за злосторствата на режимот во Киев

(ВИДЕО) Најмалку четири лица загинаа во напад врз Киев, гори Киевско-Печерската лавра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Русите објавија што погодиле во Украина: Оваа пракса ќе продолжи

Предраг Петровиќ