Хосни Мубарак паднал во бања и ја повредил главата

Од:

Соборениот претседател на Египет, Хосни Мубарак паднал во затворската болница и си ја повредил главата, соопшти весникот „ Ал Ахрам“, цитиран од ДПА.

Мубарак (84) се лизнал во бањата на својата соба во затворската болница, а лекарите веднаш му укажале прва помош.

Мубарак преживеа сличен пад и пред помалку од еден месец.

По три децении владеење со Египет, тој беше принуден да отстапи од власта во екот на масовните протести во февруари 2011 година. Во јуни Мубарак беше осуден на доживотен затвор заради неговата улога во смртоносните напади против демонстрантите во последните месеци од неговото владеење.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет