Хосеин Дехган: Џихадистите би можеле да дојдат до Европа

Од:

Западните земји настојуваат да го употребат потенцијалот на терористичките групи за да ги компензираат своите воени порази, изјави денеска во Москва иранскиот министер за одбрана Хосеин Дехган за време на Конференцијата за меѓународна безбедност.

– Со големо жалење морам да кажам дека оние земји кои ја поддржуваат Исламската држава (ИД) и другите терористички групи, спроведуваат специјална обука и логистичко планирање со цел да ги испратат милитантите до централна Азија, Кавказот, Индија, а потоа и до западна Кина и Европа, истакна Дехган, додавајќи дека тоа може да доведе до војна во централниот дел на Азија и на Кавказот.

Според него, покрај талибанците и Ал Каеда, се развива ситуацијата и со ИД.

– Новата американска стратегија и намерните акции на одреден број земји во регионот покажуваат дека постои програма за употреба на потенцијалите на терористичките групи, за да се создаде политичка рамнотежа по прашањето на безбедноста и да се наруши геополитичката ситуација во регионот, додаде иранскиот министер.

Тој смета и дека Саудиска Арабија „нема да ги постигне своите нелегитимни цели“ во Јемен.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа