Хорор во Лондон: Маж остави фетус во кутија пред болница

Од:

Човечки фетус денес е пронајден пред лондонска болница, по што е покрената полициска истрага.

Фетусот во кутија е откриен пред болницата Барнет во северен Лондон околу 9 часот. Полицајците се повикани откако фетусот, за кој се верува дека е стар околу 16 недели, бил пронајден.

Детективскиот инспектор Мет Коад рече: „Во овој момент, наш приоритет е да се осигураме дека мајката е добро и дека добива соодветна медицинска помош“.

„Ова веројатно ќе биде трауматично време за неа и би ја замолил да стапи во контакт или со нас, со нејзиниот локален општ лекар или со болницата. Веруваме дека кутијата ја оставил маж, 30 години, облечен во темна облека. Исто така, би го охрабрил да излезе за да можеме да помогнеме“, изјавил инспекторот Коад, пренесува „Дејли мејл“.

Би можело да ве интересира

Извештај: Лондонската полиција е расистичка, сексистичка и хомофобична

Горан Наумовски

Во Лондон ќе се одржи голема конференција за воените злосторства во Украина

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фиат 500 лета во воздух, снимката е страшна, а епилогот неверојатен

Предраг Петровиќ

Британците на масовен штрајк: Лекарите, машиновозачите, наставниците, новинарите се на улица…

Ана Ололовска

Британски и германски ловци пресретнале руски авион над Естонија

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Снежно невреме во делови од Велика Британија

Горан Наумовски