Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

Од:

Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра.

Според локалните медиуми, полицијата добила повик синоќа, а се сомнева дека постарата девојка ја избодела својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.

Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува „oe24.at“.

Германските медиуми нагласуваат дека се уште ништо не се знае за мотивот на страшната трагедија, но познато е дека родителите биле во друга соба и спиеле во моментот на грозоморниот настан.

Седумгодишното девојче починало од повреди конзистентни со прободување откако било пренесено во болница.

Полицијата сподели само неколку детали за случајот, со оглед на тоа дека се работи за две малолетни девојчиња.

Тие изјавија дека ќе дадат поддршка на сите погодени од оваа трагедија, нагласувајќи дека ова е семејна трагедија. Тие исто така апелираа до јавноста да ја почитува приватноста на семејството додека трае истрагата.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина