Хонг Конг: Во судир на два брода повредени 31 лице

Од:

Во судир на два брода кај Хонг Конг, повредени се 31 лице, соопшти локалната полиција.
Според официјално лице од полицијата, повредените се префрлени на брегот, а 11 од нив се хоспитализирани во болница.

Ферибродот пловел кон островот Чеунг Чау, и пристигнал до својата дестинација, наведува полицијата која не даде податоци за другиот пловен објект, за кој се претпоставува дека е баржа.

Во октомври минатата година, во најголемата бродска несреќа во Хонг Конг во последните 40 години загинаа 38 лица, а поголем број беа повредени при судир на фериброд и јахта, што го наметна прашањето за безбедноста во една од најпрометните, но и најбезбедните пристаништа во светот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна