Хонг Конг најави затворање на 10 од 13 граници со Кина

Од:

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам денеска најави затворање на 10 гранични премини од 13 со континентална Кина во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Лам веќе затвори некои гранични премини, вклучувајќи ги прекуграничните траекти и брзите возови.

Таа рече дека затворањето на целата граница ќе биде „несоодветно и непрактично“, како и „дискриминаторско“, но не ја исклучи можноста за преземање натамошни мерки.

Лам рече дека затворањето на границите нема никаква врска со заканата на медицинските работници со штрајк доколку Владата не ги затвори границите, туку дека тоа е само мерка за спречување на коронавирусот.

Исто така, рече дека земјата нема доволно заштитни маски и дека тој проблем не е можно да се реши во краток рок.

Лам ги повика жителите на Хонг Конг да бидат обединети во борбата против епидемијата на вирусот, од кој досега починаа 361 лице.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени