Хонг Конг: Една третина од новозаразените со Ковид-19 се од Индија, прекинати летови

Од:

Властите во Хонг Конг повторно привремено ги прекинаа летовите на Ер Индија, откако се зголеми бројот на заразени патници кои доаѓаат од Индија во Хонг Конг, објавија локалните медиуми.

Летовите на „Ер Индија“ ќе бидат прекинати до 3 октомври, а на истата компанија Хонг Конг претходно и забрани да лета во август, исто така на две недели.

Според последните дневни податоци за вчера, 20 септември, од вкупно 23 позитивни случаи, осум се од Индија, што е речиси третина од новите случаи на Ковид-19 во Хонг Конг.

Во исто време, повеќе од 40 вработени во една универзитетска лабораторија во Хонг Конг се ставени во карантин, бидејќи еден истражувач бил заразен со коронавирусот, јавија локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени