Хондурас уапси петмина сириски мигранти кои се претставувале како Грци

Од:

Пограничните власти на Хондурас уапсиле петмина сириски имигранти, кои се обиделе да влезат во оваа централноамериканска држава претставувајќи се како Грци.

Сите петмина допатувале со авион од Салвадор и на аеродромот во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа на имигрантската служба им покажале грчки пасоши, со кои сакале да го продолжат патот кон САД.

Грчки дипломати во Хондурас изјавиле дека пасошите на сите петмина се лажни и дека тие не се Грци, ниту пак знаат да зборуваат грчки јазик.

На сослушувањето, полицијата утврдила дека Сиријците сакале од Тегусигалпа, да отпатуваат до градот Сан Педро Сула, на границата со Гватемала, а од таму прекува оваа земја и Мексико да дојдат до американската граница.

Станува збор за пат долг повеќе од две илјади километри.

Властите на Хондурас, а и на Салвадор, не знаат како и каде ги обезбедиле грчките пасоши, како што не го знаат ни бувниот вистински идентитет.

Се стравува дека тие можеби не се ниту Сиријци, па полицијата во Тегусигалпа побарала помош од Интерпол.

Инцидентот со лажните Грци во Хондурас, доаѓа по апсењето на една Сиријка во Сан Хозе, која на властите во Костарика им се преставила како бегалец од сириската војна, но била запрена затоа што имала лажен пасош.

Оваа жена, како и петмината уапсени во Хондурас, сакала да стигнат до САД, патувајќи по копнен пат низ земјите на Централна Америка,

Претставник на властите во САД изрази загриженост од можноста луѓе со лажен идентитет да влезат во земјата, прикажувајќи се како сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ