Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права

Од:

Ввладата на Хондурас вчера објави дека ќе суспендира некои уставни права во областите на двата најголеми града контролирани од криминални групи. Правата ќе бидат суспендирани како дел од 30-дневната вонредна состојба на националната безбедност што ќе стапи на сила во вторник во некои од најсиромашните области на главниот град Тегусигалпа и северниот град Сан Педро Сула.

Градовите се борат со таканаречениот „воен данок“, во кој бандите нудат заштита или велат дека оние што плаќаат нема да бидат убиени. Банди палеле автобуси и убивале возачи кои не ја платиле таксата, принудувајќи ги деловните субјекти и луѓето да плаќаат поради страв.

Мерката, која се очекува да биде одобрена од советот на министри, е дел од планот на претседателот Ксиомар Кастро за справување со насилните банди. Изнудата генерира годишен профит за бандите од 737 милиони долари, што е речиси три отсто од бруто домашниот производ на земјата.

Би можело да ве интересира

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Силен земјотрес го погоди Хондурас

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Хондурас пред Судот во Њујорк треба да се изјасни по обвинувањата за трговија со дрога и оружје

Ана Ололовска