Холанѓаните се шегуваат со влакнесто чудовиште Брегзит

Од:

Додека Британците имаат потешкотии да си претстават како ќе изгледа излегувањето на земјата од Европската Унија, Холанѓаните покажаа како тие гледаат на тој процес, со изработка на кукла наречена Брегзит.

Станува збор за сино „влакнесто чудовиште“ облечено во бела маичка со црвен натпис „Брегзит”.

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок на Твитер објави фотографија на која се гледа сино суштество што лежи на неговото биро и „му пречи во работата“.

– Бидете уверени дека Брегзит нема да се случи, вели Блок во придружниот коментар.

„Чудовиштето Брегзит“ се појави и во неколку други владини шеговито-пропагандни слики.

Според владини претставници, идејата е холандските граѓани и компании да бидат свесни за ризиците од Брегзитот, кој е предвиден за 29 март.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска