Холандските тајни служби предупредуваат за деца-потенцијални џихадисти

Од:

Холандската Заедничка служба за разузнавање и безбедност соопшти дека истражува група холандски деца во зоните на вооружени конфликти во Ирак и Сирија, како потенцијални џихадисти, бидејќи постои можност тие да посетуваат воена обука.

Во извештајот на службата се наведува дека во тие реони има најмалку 80 холандски деца, кои се родени таму или се однесени од едниот или двата родитела.

Според документот, околу 20 отсто од тие деца се над деветгодишна возраст.

– Бидејќи децата на териториите кои се под контрола на Исламската држава, понекогаш добиваат оружје и се обучувани да се борат уште на деветгодишна возраст, разузнавањето ги смета за потенцијални џихадисти, пишува во извештајот.

Холандските власти редовно приведуваат луѓе, кои се враќаат од Сирија, доколку тие се осомничени за поврзаност со екстремисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации