Високиот холандски суд ја поддржа денеска политиката на Владата да им се укине храната и сместувањето на лицата, чии барања за азил се одбиени, а кои не сакаат да се вратат во својата татковина.
Државниот совет на Холандија, кој ја разгледува законитоста на владините одлуки, утврди дека таквата политика не е во спротивност со Европската конвенција за човекови права и оти одбиените баратели на азил немаат право да поднесуваат жалби врз основа на Европската повелба.
Невладините организации и Обединетите нации ја критикуваат холандската политика кон барателите на азил и мигрантите како премногу строга.