Холандскиот премиер призна: Не бевме подготвени за почеток на вакцинацијата

Од:

Холандската влада во декември неподготвена го дочека одобрението од ЕУ за вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ против коронавирусот и не можеше да ја започне вакцинацијата поради логистички проблеми, призна денеска премиерот Марк Руте.

Владата наиде на критики од пратениците кои ја обвинија дека дозволила Холандија да биде последната земја во ЕУ која ќе ги вакцинира своите граѓани.

– Европската агенција за лекови ги препорача вакцините „Фајзер/БиоНТек“ на 21 декември, а до минатата недела до Холандија беа доставени 164.000 дози вакцини. Тој број денеска веќе е 288. 000, рече Руте.

Тој пред Парламентот рече дека Холандија не е подготвена за логистика за дистрибуција на вакцината на „Фајзер“, која мора да се чува на температура од минус 70 степени.

– Главниот проблем беше што ја примивме вакцината порано отколку што очекувавме. Тоа беше различна вакцина од онаа што ја очекувавме, па затоа не беше можна флексибилност, рече премиерот Руте.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски