Холандски ловци пресретнале руски авион над Балтикот

Од:

Два холандски борбени авиони „Ф-16“, кои како дел од НАТО патролираат на небото над балтичките држави, пресретнаа руски транспортен авион „Иљушин“, во воздушниот простор на Естонија и Литванија, соопшти владата на Холандија.

Како што стои во соопштението по пресретнувањето рускиот авион се упатил во правец на Калињинград.

НАТО во октомври соопшти дека оваа година имало повеќе од 100 случаи на пресретнување на руски авиони. Минатиот месец норвешки авиони „Ф-16“ полетаа поради четири руски бомбардери.

Министрите за одбрана на Велика Британија, трите балтички држави, како и на Норвешка, Данска, Финска и Шведска се договорија за соработка во поглед на разузнавање и воздушна обука, за да одговорат на зголемените активности на Москва на север на Европа.

Руското Министерство за одбрана негира дека нивен авион „Иљушин-76 “ го нарушил воздушниот простор на Естонија и Литванија.

-Рускиот воен транспортен авион „Иљушин -76“ беше на рутински лет од местото Псков кон регионот на Калињинград. Летот го продолжил долж трасата преку неутралното подрачје над Балтичкото море во рамки на меѓународните правила за користење на воздушниот простор, се наведува во соопштението на руското министерство.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски